Во туристичката населба Постира на островот Брач во Хрватска денеска заврши Петтиот меѓународен детски турнир во фудбал.
На турнирот со две генерации деца – фудбалери, ( родени 2015 и 2016 г. ) како единствени претставници од Македонија учествуваше и Фудбалската школа „Фер Плеј“ од Охрид.

Во силна конкуренција од близу 100 екипи од цела поранешна Југославија, фудбалерите од генерацијата 2015 стигнаа до полуфиналето во кое загубија со 1:0 од екипата „Спалато“ и го освоија високото четврто место.

Овој постигнат резултат е уште една потврда за потенцијалот на Охрид во фудбал и за квалитетот на школата „Фер Плеј“.

Но, ваквите фудбалски излети имаат уште една поважна димензија, учење на дружба и толеранција помеѓу децата и уште повеќе меѓу родителите и раководството на школата.

Публицитет.мк