Дојде и помина уште едно ЕЗЕРСКО ДЕРБИ дерби во кое не видовме квалитетен фудбал напротив денешното ДЕРБИ беше едно од послабите во изминатите години.
Амбиент и солидна посетеност иако се играше во работен ден имаше како секогаш одлично навивање на навивачката група на РИБАРИ но фудбалски возбудување немаше.
Навистина за да се има квалитетен натпревар потребно е на терен да има и две рамноправни екипи меѓутоа денес стружани како од предвреме да се откажаа да постигнат нешто повеќе од 0-0
Стружани од самиот почеток на натпреварот па се до постигнувањето на водечкиот за Охрид беа ориентирани на класична одбрана и преку задржување на играта имаат за цел да дојдат до посакувана резултат.
Охриѓани во целиот тек од натпреварот ја имаа иницијативата и преку безбројни прекини и големиот број на изведени корнети се обидуваше да дојде до водство но мораме да напоменеме дека на неколку наврати гостинскиот голман спасуваше и имаше успешни интервенции.
Победничкиот гол домашните го постигнаа дури во 78. минута и тоа по одличната асистенција и филигранско проигрување на младиот Лео Андрески а стрелец на голот беше Алтин Лога инаку вредно за напоменуваме е тоа што и двајцата во игра влегоа од клупата за резервни играчи.
После водството на охриѓани гостите мораа да ја отворија играта и во тој период видовме нешто од фудбал и кај гостите од Струга но во овој период домашните пак пропуштија шанса за поубедлива победа
Како и да е како што рековме ова беше едно од послабите по квалитет дерби натпревари но се на се сепак на крај играта се заборава но пак затоа се паметат победите и освоените бодови.
Во следното коло охриѓани во Недела повторно на домашен терен ќе се сретнат со екипата на Вардар од Неготино.
И Арсеноски- Охрид Спорт
Публицитет.мк