Во пресрет на 3 декември Светскиот Ден на децата со пречки во развој Хуманитарното Здружение “Јуникорн 2024 – Скопје” на 27 ноември 2025 ја одржаа традиционална годишна манифестација во просториите во Галерија “КО- РА” – голем салон во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје.
Овој настан беше и поетска вечер ќе, насловена “Да бидеме почујни”, која обедини повеќе од 70 поети од земјава и странство кои излеа стихови полни со ематија и желба за поддршка затоа што сите сме исти.

Манифестација ги афирмира заложбите за хуманост и интеграција преку негување на креативноста на лицата со специјални потреби. Модераторска улога за оваа манифестација ѝ беше доделена на Елеонра Николовска.
Иницијатор за основање на здружение од хуманитарен карактер е на младиот средношколец Христиан Ангел Јовановски, кој јавно ја кажа таа желба на негова осумгодишна воздраст и оттогаш наваму е посветен на хуманитарни идеи и акции.

Со поддршка на неговите родители и блиски луѓе, кои во неговите очи ја согледаа искрата на искреност овозможија Здружението да се основа во 2024 година. Цел и мото: поддршка на деца со пречки во психо- природниот развој и деца од социјално загрозени семејства.
Во рамките на настанот беа доделени благодарници на сите учесници како и повеќе плакети и медали за особен придонес и поддршка во реализацијата на изминатите проекти на хуманитарното здружение.

Плакети доделени на Симе Младеновски продуцент на “Лица и дела”, Тв Сонце, на Медиумски покровител Тв Сонце и Милева Лазова емисија “Исконски думи”. Поддршка во проектите ЈУ Дом на култура Кочо Рацин Скопје, Заемна соработка со ЈУ Завод за рехабилитација на деца и млади, Топанско Поле Скопје плакетата доделена на Анета Стефановска управител на одделот за деца без родители.

Доделени беа и донации на компании и поединци кои доделувале донации, меѓу кои и Атлантик комерц од Скопје, како и новинарски благодарници на Фиданка Танаскова која ја известува дијаспората за проектите на здружението и други.
Медал ѝ се додели и на Билјана Ѓоревска за поддршка и посебен придонес, а ликовниот уметник Живко Поповски Цветин беше одликуван со медал за поддршка на проектите.

Исто така и Никодин Чернодримски беше одликуван со медал за посебен придонес во активности на Здружението.
Публицитет.мк








