• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Дваесет и трето издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ – Охрид 2024

јуни 15, 2024
in Актуелно
Дваесет и трето издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ – Охрид 2024

Денес во Охрид, започнува дваесет и третото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“  2024. Во наредните денови од 15 до 19 јуни, деведесетина млади уметници од осумнаесет држави ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина, пијано и камерна музика. Младите музичари од Србија, Бугарија, Грција, Косово, Хрватска, Словенија, Албанија, Црна Гора, Германија, Турција, Естонија, Холандија, Иран, Кина, Азербеџан, СAД, Австралија и Македонија, ќе настапуваат во акустичниот амбиент на црквата Св. Софија. Натпреварот е отворен за публиката и туристите во Охрид. Стручната комисија е составена од десет членови, врвни уметници и педагози по виолина и пијано од повеќе европски престижни музички академии како и од Факултетот за музичка уметност од Скопје. Тоа се: пијанистите Александар Сердар од Србија, Барбара Шчепанска од Германија, Есер Билгеман од Турција, Катарина Крпан од Хрватска и Ана Гацева од Македонија, како и виолинистите: Јулија Беринскаја од Италија, Адам Вагнер од Полска, Мина Менделсон од Србија, Хана Мелник од Австрија и Љубиша Кировски Македонија.

„Охридски бисери“ е првиот организиран меѓународен натпревар во областа на класичната музика во Македонија, кој од 2002 година до денес поставува високи стандарди во однос на програмскиот концепт и строгата селекција на наградени учесници па така привлекува квалитетни млади уметници од целиот свет. Најуспешните натпреварувачи и годинава ќе имаат можност да освојат некоја од вредните награди: парични награди во износ од 2000, 1500 и 1000 евра за највисоко рангираните, награди на Фондацијата „Зографски“, здруженијата СОКОМ и СМУМ. Општина Охрид на лауреатот, носител на наградата Гран при му доделува ракотворба филигрански накит, а организаторот на натпреварот  вреден накит – охридски бисери. Посебно значајна е и наградата на европската асоцојација на музички натпревари ЕМСИ, што на добитникот му овозможува годишна промоција на веб страната, учества на мастеркласи и концерти во повеќе европски градови.  „Охридски бисери“ е единствен меѓународен натпревар од нашата земја, член на ЕМСИ од 2005 година,  во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји и токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот  „Охридски бисери“ во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат во нашата земја и во регионот.

На свеченото отворање во црквата Св. Софија, вечерва во црквата Св. Софија во 21.00 часот концерт ќе одржат дел од членовите на стручното жири: виолинистот Љубиша Кировски и пијанистите Катарина Крпан и Александар Сердар.

Натпреварот „Охридски бисери“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на општина Охрид.

Викица Костоска – Пенева

Публицитет.мк

Посетеност: 316
Share
Previous Post

Центар за јавно здравје: Препораки како да се издржи топлотниот бран

Next Post

Утре – недела годишен концерт на студиото за танц „Соната“

Next Post
Утре – недела годишен концерт на студиото за танц „Соната“

Утре - недела годишен концерт на студиото за танц „Соната“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 316

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk