По повод 18 мај, Меѓународниот ден на музеите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, ве известува дека денеска 18 мај на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се насочи вниманието на јавноста од целиот свет кон музејската дејност.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/11_slider_galerija_na_ikoni-1024x592.jpg)
Публицитет.мк