• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Доделување на книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

март 6, 2024
in Тикер
Доделување на книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Утре – четврток  7 март со почеток во 13 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

 Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, кое се труди преку ваквата востановена манифестација, достојно да му оддаде почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца. Од 103 пристигнати  песни, жири комисијата во состав: Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова, ги издвои песните што се најдоа во потесниот избор, а меѓу нив се и трите најдобри, за кои се предвидени парични награди. Авторот на првонаградената песна ќе добие парична награда од 9 000 денари, за второнаградената песна се предвидени 6 000 денари и песната што ќе го освои третото место, ќе биде наградена со 3000 денари. Најдобрите песни ќе бидат објавени во деветтиот број на електронското списание „(е)Лит“, што го објавува здружението „Креативна верига“.

 Настанот е со поддршка од Општина Охрид. Освен доделувањето на наградите, предвидена е богата програма, каде акцент ќе се стави на творештвото на Тоде Илиевски.

 Здружението „Креативна верига“ изразува благодарност до сите автори, кои учествуваа во конкурсот, а посебна благодарност упатува до Општина Охрид за комплетната поддршка за организирање на овој настан, што се одржува по вторпат.

Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН со јавна поддршка за Стево Пендаровски

Next Post

Триумф на охриѓани во Неготино: ФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос 0:1

Next Post
Триумф на охриѓани во Неготино: ФК Вардар Неготино – ГФК Охрид Лихнидос 0:1

Триумф на охриѓани во Неготино: ФК Вардар Неготино - ГФК Охрид Лихнидос 0:1

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk