Езерското дерби не ги оправда очекувањата кај љубителите на фудбалот барем од она што го прикажаа на терен и едните и другите.
Единствено што ќе носи белег на вчерашното дерби е тоа што после многу години наназад кога во Струга на фудбал се одеше по воден пат тоа денес го направија навивачите на навивачката група РИБАРИ кој со таканаречената Езерска флота отидоа во Струга да го бодрат охридскиот тим.
И браво за оваа иницијатива.
Што се однесува пак до самиот натпревар може да се каже дека главно се играше од едниот до другиот шеснаесетник без некои посериозни шанси за гол а од ретките шанси за гол при крајот на првото полувреме домаќините искористија една и постигнаа гол за водство од 1-0.
Во второто полувреме стружани задоволни од минималното водство претежно се ориентираа со класична одбрана да го бранат стекнатото водство и со чести прекини и одолговлекувања на играта повеќе мислеа како со успех да го привршат натпреварот отколку да постигнат нешто повеќе од еден гол
Од друга страна пак охриѓани иако на моменти имаа лесна теренска иницијатива сепак не успеаа да стигнат до поволен резултат.
Се’ на се’ од фудбал не видовме ама баш ништо спектакуларно но затоа пак видовме спектакл кој го приредија и двете навивачки групи посебно спектаклот на НГ РИБАРИ за што заслужуваат честитки за се’ што направија пред, за и после ова Езерско дерби.
И Арсеноски Охрид Спорт
Публицитет.мк