• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Женскиот хор „ACordis“ од Охрид подготвен за пред публика

јули 13, 2024
in На минување
Женскиот хор „ACordis“ од Охрид подготвен за пред публика

Во Општинската организација Црвен крст Охрид успешно функционира женскиот хор АCordis . Формирмиран е на 11.11.2019 год. на иницијатива на група долгогодишни хористки . Хорот го сочинуваат 15 хористки, кои ги поврзува љубовта кон музиката и хорското пеење.  ACordis е спој на музиката и седумте принципи на Црвениот крст: хуманост,  непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единство, универзалност и кога би го превеле  името,би значело акорди од срце, од душа.

Со женскиот хор раководи диригент  Биљана Николоска. Биљана е магистер по хармонија, вработена во средното музичко училиште во Струга, како наставник по стручни предмети. Во период од 2006 до 2011 год. нејзиното име се поврзува со диригент на Црковниот машки хор при црквата Св.Никола – Охрид  како и диригент на Мешаниот хор при Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.  Љубовта кон хорската музика кај диригентот е присутна уште од основно и средно училиште како член на училишните хорови во Ниш. Со хорско пеење продолжува во мешаниот хор на Драган Шуплевски при ФМУ Скопје и во хорот Рустико под диригентската палка на Запро Запров.

По настапот на свечениот прием по повод  Новата 2020 год.во Црвен крст Охрид,  хорот интензивно се подготвуваше за одбележување на 75 годишнината од постоењето на Црвен крст Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид.  Но заради ковид пандемијата настанот се откажа.  Сериозноста на новонастанатата  ситуација на светско ниво доведе до паузирање на работата на хорот. По подолга пауза, од ноември 2023 година хорот повторно продолжи со работа.  На пробите интензивно се работи на збогатување на репертоарот на хорот. На репертоарот на хорот се наоѓаат композиции од народното творештво, црковни, од странски автори, композиции за сечиј вкус.

Оваа година хорот има изработено амбициозна програма. Засега плановите нека останат во тајност. Јавноста навремено ќе биде информирана за  секој настап,  гостување, учество на хорот во државата и надвор од неа.

Во месец јули хорот се подготвува за учество на манифестацијата  „На зајдисонце“. На репертоарот на хорот за овој настан, ќе се најдат обработките на народните песни   „Славеј пее“, „ Што ми е мило“,„ Билјана платно белеше“, „Те видов и се заљубив“  обработени за хорско пеење во три и четири женски гласови, подготвени за оваа пригода.

Публицитет.мк

Посетеност: 220
Share
Previous Post

Охрид и огнометот на Охридско лето

Next Post

Кога ќе речам „немам поим“ значи дека сум се уморил од објаснувања …

Next Post
Зборовите како и златото си имаат своја каратна вредност

Кога ќе речам „немам поим“ значи дека сум се уморил од објаснувања ...

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 220

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk