• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Започна зимското сметање на времето

октомври 26, 2025
in На минување
Започна зимското сметање на времето

Со почетокот на зимското сметање на времето, часовниците во повеќето европски земји се вратени од 3:00 часот на 2:00 часот во недела наутро (26 октомври). Зимското време потоа повторно ќе биде во сила до 29 март 2026 година.

За многу луѓе, враќањето на часовниците едноставно значи можност за малку повеќе сон. Според истражувачите на спиењето, зимското сметање на времето е „стандардно време“ – и треба да се применува преку целата година во Германија. „Ни треба светлина наутро, а не навечер – колку и да ми е жал за прекрасните долги летни вечери. Организмот е насочен кон будност само кога ќе добие светлина“, вели експертот за спиење Ханс-Гинтер Вес. Ова, нагласува тој, е подобро и за здравјето и за резултатите во училиште и на работа. Истражувачот не препорачува трајно летно сметање на времето за Германија. Ова би значело, на пример, „дека во зима понекогаш нема да биде светло до околу 9:00 часот наутро. Учениците сè уште би ги имале првите часови во темница“, потенцира Вес, кој раководи со одделот за медицина на спиење во Пфалцклиниката Клингенминстер.

Во моментов, Шпанија се залага за укинување на префрлањето од летно во зимско сметање на времето во рамките на ЕУ. „Искрено, повеќе не ја гледам поентата“, рече премиерот Педро Санчез во видео објавено на Платформа X. Во сите анкети, мнозинството Европејци се спротивставија на промената на времето, потсетува социјалистот. Мерката, според него, нема да заштеди енергија, туку ќе ги наруши биолошките ритми на луѓето двапати годишно. Затоа, неговата земја ќе работи на укинување на промената на времето почнувајќи од 2026 година.

Вакви иницијативи имаше често во текот на изминатите години. Европската Комисија во 2018 година спроведе анкета меѓу европските граѓани. Во тоа време, 84 проценти од приближно 4,6 милиони учесници во нерепрезентативното истражување, вклучително и 3 милиони Германци, се изјаснија против промената на сметање на времето. Повеќето луѓе гласаа за трајно летно сметање на времето. Потоа, тогашниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер најави крај на ваквата практика до крајот на годината. Но, пред да се стави крај, неопходно е сите земји на ЕУ да постигнат согласност дали сакаат трајно зимско или летно сметање на времето,а тоа засега не е на повидок.

Извор: dw.com

Публицитет.мк

Посетеност: 2.947
Share
Previous Post

Детекција на мутации за нетолеранција на алкохол во „БИОМЕД ЛАБ“ Охрид

Next Post

д-р Ала Шешкен: 50 години македонистика на Ломоносов

Next Post
д-р Ала Шешкен: 50 години македонистика на Ломоносов

д-р Ала Шешкен: 50 години македонистика на Ломоносов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 2.947

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk