Синоќа во Трпејца започна годинешното издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Манифестацијата во име на покровителот Општина Охрид ја отвори претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.
– Ми претставува огромна чест и задоволство што вечерва во име на Општината ве поздравувам на едно од најубавите и најафтентичните збиднувања во нашиов регион- манифестацијата „ На зајдисонце“овде, во преубавата Трпејца.
Ако Охрид е срцето на макесонскиот туризам, тогаш несомнено Трпејца е неговата душа. Ова место поседува ретка, речиси филмска убавина, кадешто природата и традицијата се спојувале со векови. Но, она што ја прави Трпејца навистина посебна не се само карпите и бистрата езерска вода туку и луѓето. Вие, домаќините кои со вашата топлина и гостопримство правите секој патник, намерник овде да се чувствува како дома.
Манифестацијата “На зајдисонце веќе години наназад докажува дека културата и уметноста најдобро виреат таму каде што природата била најдарежлива.
Спојот на музиката, зборот, ликовната уметност и театарот со неповторливото зајдисонце е искуство кое долго се памети и настан кој силно го збогатува нашето културно лето.
Општината препопзнава и силно ја вреднува важноста на ваквите локални иницијативи. Наша должност и понатаму ќе биде да ги поддржуваме настаните кои што го чуваат нашиот идентитет, кои го промовираат нашиот туризам и кои испраќаат слика за Охрид како врвна културна дестинација. Упатувам огромна благодарност до организаторите за нивниот ентузијазам , сите чинители кои неуморно помагаат како и уметниците кои годинава ќе го споделат својот талент под ова отворено небо.
Ви посакувам прекрасни денови исполнети со уметност , дружење и уживање во најубавите зајдиаонца. Прогласувам уште едно издание „На зајдисонце“ за отворено – истакна Божиноски.
Пред присутните се обрати и членот на здружението „За Трпејца со љубов“, Милчо Јованоски, а потоа Весна Јованоска од Општина Охрид ја промовира неговата монографија „Петнаесет години На зајдисонце во Трпејца“.
Вечерта беше заокружена со настапот на охридскиот женски квартет „HarmoniX“.
Вечерва од 20.30 во Трпејца гостува Драмското студио ЦВЕТ 75 со претставата „Приказни“ а ументички раководител е Драгана Боцеска