Во прекрасен амбиент пред полни трибини екипата на ГРК Охрид сосема заслужено ја совлада екипата на Струга со 31:24, полувреме 17:11.
Во текот на целиот натпревар се покажа кој е кој во ова Езерски дерби, охриѓани во ниту еден момент не им дадоа ни најмала шанса на гостите од Струга да се понадеваат на било што освен да се помират со неминовниот пораз.
ГРК Охрид:
Ѓорѓески, Ристевски, Ојлески 5, Андоновски, Матсуока 2, Јукиќ 3, Дрогришки, Шипинкоски 2, Тасески 1, Шафранко 1, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 3, Орјоникидзе 6, Бојаниќ 2, Цирар 5.
ГРК Струга:
Тутенкоски, Пренчевски 1, Ѓорѓиески 1, Савески 2, Кленковски, Јанкуловски 3, Симоновски, Мојоски, Велјаноски, Клечкароски, Костоски 1, Матески 2, Бошњак 13, Марковски, Гускароски, Рикановиќ.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк