Од вчера патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица како што соопшти ЈП Македонија пат е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Вчера, 15 ноември стапи на сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Публицитет.мк