Работнички лидерот на табелата стигна до нова убедлива победа во домашниот шампионат откако славеа на гостувањето во Охрид со 96-111.
Домаќините загубија но не разочараа, само во првиот период охриѓани имаа минимална негатива 19-20, меѓутоа како што одминуваше времето а благодарение на поголемата ефикасност на гостите наспроти непрецизноста кај домашната екипа, веќе во втората четвртина па се’ до крајот на натпреварот разликата само се зголемуваше за конечни 96-111
Роберт Рикиќ со 22 поени беше прво име во екопата на Работнички, додека кај охриѓани Лајонс и Бруер постигнаа исто така по 22 поени.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк