На вториот натпревар од предвидените три каде се потребни две победи охриѓани не успеаја да ја искористат шансата уште во Штип да се промовираат во нови прволигаши.
Домаќините го искористија домашниот терен и со оваа победа израмнија на 1-1 во победи па така во третиот натпревар кој ќе се игра во Охрид ќе го добиеме новиот прволигаш.
Што се однесува до самиот натпревар домаќините во текот на сите четвртини беа во предност но се чини третата четвртина беше решавачка кога домаќините дојдоа на плус 15.
Инаку охриѓани на четири минути до крајот на натпреварот намалија на -6, но немаа сили за комплетен пресврт, па штипјани славеа со конечни 79-70, за израмнување на резултатот на 1:1 во победи.
Останува да се надеваме дека охриѓани пред своја публика која треба да дојде во што поголем број за да ги бодри охридските кошаркари ќе дојдат до важна победа со која победа од следната сезона охридската публика ќе може да ужива и да гледа прволигашка кошарка.
И Арсеноски. Охрид Спорт
Публицитет.мк