НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни ќе работи во една смена од 08.30 до 16.30 часот.
Во терминот од 08.30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9.30 до 14.00 часот.
Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.
Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.
Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
Публицитет.мк