• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, август 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Мечката што уништува пчеларници во Охридскиот регион е потенцијална опасност и за луѓето

април 11, 2023
in Тикер
Мечката што уништува пчеларници во Охридскиот регион е потенцијална опасност и за луѓето

Веќе неколку месеци сопствениците на пчеларници на просторот од Горица до Свети Стефан, се жалат дека мечка ги уништува нивните пчелни семејства. Покрај тоа тие укажуваат дека мечката која најверојатно има мало мече може да е агресивна и да ги нападне луѓето што живеат во населбата Шипокно или рекреативците. Иако за проблемот се информирани во националниот парк „Галичица“ и Министерството за земјоделство засега нема никаква реакција за дислокација на дивото животно…

Од почетокот на јануари па се до 5-ти април мечка напаѓа пчеларници во непосредна близина на Охрид.

Покрај тоа што ги уништува пчеларниците мечката претставува потенцијална опасност и за луѓето, бидејќи токму по оваа патека се движат граѓаните, но и учениците од населбата Шипокно кои учат во училиштето во Рача, како и голем број рекреативци.

„Од увидот што го направивме на самото место има различни отисоци од траги. Има и поголема и помала трага што укажува дека може да е и помала мечка со неа, значи две се, и нејзиното присуство со помало мече таа е поагресивна и е поопасна за луѓе и деца“, изјави Благоја Алач-пчелар.

Според зборовите на Благоја Алач на 24 март, 3 и 5 април мечката уништила 12 негови пчелни семејства, а штетите се далеку поголеми ако се имаат предвид другите пчелари.

„Во просторот има и други пчелари и нивните пчелни семејства се целосно уништени. Досега по сознанијата кои ги имаме преку 200 пчелни семејства на просторот од Горно Коњско до Горица мечката ги има уништено“, додаде Благоја Алач-пчелар.

Пчеларите побарале интервенција од Националниот Парк „Галичица“, од каде што им е укажано дека тие немаат можност за успивање и дислокација на дивото животно, а од Министерството за земјоделство, барем засега нема никаков одговор за отстранување на мечката од овој простор. Единствено од подрачната единица на Министерството е извршен увид за процена на штетите, но тоа не го решава проблемот.

Извор: www. mrt.com.mk  Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

Посетеност: 141
Share
Previous Post

Сеќавања на внукот на Пабло Пикасо на неговиот славен дедо

Next Post

Денес им е роденден: Томе Постолов

Next Post
Денес им е роденден: Томе Постолов

Денес им е роденден: Томе Постолов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 141

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk