По многу дружби, забави и концерти Владо Броз и Марама решија да направат нова студиска снимка.

Овој пат во тој музичко – сценски изведувачки потфат ја вклучија и исто така, познатата охридска изведувачка Емилија Маринова.

Точно – вчера на Велигден во кафетеријата „Октава“ беше промовиран нивниот заеднички музички проект под едноставно име „Евгенија“. Автор на текстот е Владимир Сарафилоски а музиката е на „Џовани продукција“.

Се работи за љубовен текст и песна со многу емоции во неа, ставена во една временска рамка веднаш после Втората светска војна, нешто што убаво ќе се забележи преку спотот. Неговата промоција на You Tube e денеска – понеделник во 17.00 часот.

Во спотот се појавуваат мнозина градски познати „фаци“ што му дава посебна убавина.

Публицитет.мк