Во натпревар во кој буквално во целиот негов тек не беа создадени ниту една шанса за гол ниту од домашните ниту од гостите, домаќините единствената шанса што им се укажа при крајот од натпреварот ја искористија и на охриѓани уште на стартот од новото првенство им го нанесоа првиот пораз.
Би рекле домаќините незаслужено дојдоа до трите бода со оглед на тоа што во текот на целиот натпревар беа ориентирани во одбрана на својот гол и чекаа погодна прилика за гол и како што рековме тоа им се исплати и на крајот заслужено се радуваа на првите второлигашки бодови со оглед на тоа што екипата на Башкими оваа година преку бараж успеа да стане второлигаш.
Од друга страна гостите од Охрид во текот на целиот натпревар ја контролираа играта но не создадоа ниту една посериозна шанса за гол што на крајот им се освети и од Куманово кој наместо најмалку со бод се враќаат со празни раце.
И А Охрид Спорт
Публицитет.мк