Во издание на ПНВ Публикации вчера излезе од печат најновата збирка песни „Мое место“ од Марина Шикова – Димовска од Охрид.
– Авторката пеејќи во трите циклуса од оваа збирка го грее срцето на читателот како пламен во студена зимска ноќ, како тивок надежен збор искажан во најдлабокиот мрак, ќе рече во кусата рецензија поетесата Лидија Размоска – Тримовска. Затоа, пред да почнете со читање , длабоко земете здив, додава Тримовска.
Марина Шикова – Димовска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Зад неа како автор се збирката раскази „Приказни од кујната“ и книгата за деца „Езерото ми раскажува“.
Публицитет.мк