• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Нова театарска претстава во Народниот театар во Охрид

март 20, 2023
in Култура
Нова театарска претстава во Народниот театар во Охрид

„Неразбрана цивилизација“ од бугарскиот автор Добри Војников е најновиот проект што го подготвува Народниот Театар од Охрид. Актерите користејќи ја комедијата на сцената ќе можат да изговорат многу вистини, а пред сè, што мисли обичниот човек за европеизацијата…

„Неразбрана цивилизација“ од бугарскиот автор Добри Војников, којшто текстот го напишал кон средината на 19-ти век, е најновиот проект што го подготвува Народниот Театар од Охрид. Според зборовите на режисерката, Софија Ристевска Петрушева, претставата како жанр е чиста комедија, полна со иронија, сатира и гротеска, која и по повеќе од век и половина го опишува нашето современо време, проблемите со кои се соочуваме како цивилизација поради глобализацијата, решенијата коишто ни се наметнуваат од Европа и што обичниот човек подразбира под тоа европеизирање. Поради породилни отсуства на женскиот дел од екипата, претставата ќе ја играат само актери.

„Комедијата доби уште повеќе на сила и моќ, затоа што неколку мажи глумат жени, така што целиот тој момент на фалшива цивилизација и на тоа како ние живееме во овие услови на некаква вештачка глобализација, кога глобалното доминира, а личното и индивидуалното уште повеќе се потиснува со фактот што сите колеги се мажи“, вели Софија Ристевска Петрушева-режисер на претставата.

Дел од актерите коишто играат машка и женска улога, велат дека за нив ова ново искуство е корисно.

„Интересно е тоа што играме по повеќе ролји, неколку актери играат по повеќе ролји. На пример јас играм и една машка и една женска ролја којашто е надвор од хабитусот, на мојот личен хабитус, но е уште поголем предизвик да се изработи онака како што режисерот го замислил тоа“, рече актерот Филип Кипровски.

Актерската екипа очекува публиката со раширени раце да ја прифати оваа претстава, бидејќи комедијата е добро познат јазик на којшто зборува Охридскиот театар.

Извор: www.mrt.com.mk Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

ВО ТОРОНОТО ПРОМОВИРАНИ ДЕЛАТА НА ЛУ ВЛАШО, ДУШАН РИСТЕВСКИ И СЛАВЕ КАТИН

Next Post

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи

Next Post
Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk