Деновиве за документарецот „Охридските пливачки легенди-Атина Бојаџи“ авторот Љупчо Паункоски од Охрид се најде помеѓу наградените на Фестивалот за краток документарен филм „Манаки камера 300“ во Културниот центар во Битолa.

Жирито на 33-от Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален ) документарен филм „Камера 300“, филмот на Паункоски во конкуренција со уште 28 дела го награди со „Плакета за репортажа“.


Во меѓувреме Љупчо Паункоски во својата богата колекција од награди ја додаде и Третата награда за филмот Кино „Охридско Езеро“ добиена лани на XXII Меѓународен фестивал во Шумен, Бугарија.
Публицитет.мк








