Ортопедски тим од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид учествуваше на годинешниот 25-ти EFORT (European Federation of National Associations of Orthopaedics and Traumatology) конгрес, одржан од 22-24 мај во Хамбург, Германија.
Специјалистите ортопеди имаа активно учество на конгресот со постер презентации кои беа особено пофалени од организаторите. На конгресот беа претставени најновите истражувања и достигнувања во областа на ортопедијата, а воедно нашите доктори имаа можност да се запознаат со колеги од целиот свет.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/442477412_10160402754709624_3401887822564746999_n-1024x768.jpg)
Тим од општи доктори на медицина на 45-тиот Меѓународен медицински научен конгрес, кој се одржа од 24-27 мај во Охрид под менторство на д-р. Маја Божиновска-Смическа, активно учествуваше со постер презентација, која беше високо оценета од страна на конгресната комисија.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/445034983_801998132086603_4183556990296573352_n-768x1024.jpg)
Учеството на овие два значајни конгреси претставува голем успех за оваа институција и е потврда за посветеноста и професионализмот на лекарите. Овие настани не само што им овозможуваат да ги споделат искуствата од праксата туку да ги слушнат и искуства од светската медицинска заедница и новите трендови и иновации во медицината.
Публицитет.мк