Неодамна К5 ѕвездички и нивниот идеен творец познатиот охридски и македонски композитор, текстописец и аранжер Јовица Каралиевски со убав настан под ведро небо ја одбележаа пет годишнината од постоењето.
Преку нивното мото “Мали сме ѕвездички ,но носиме големи радости за секој од вас”, тие ја исполнија мисијата и од сцената мала и скромна, испратија многу детска радост и љубов.
Продукт на тој настан е всушност и видеото за новата песна на дуото „Броз и Марама“ кои заедно со „К ѕвездички“ ја изведоа „Песна за Охрид“ .
Комплетен автор е Јовица Каралиевски а видеото е дело на се’ поактуелниот Димитар Бирачоски.
„Броз и Марама“ со песна од Јовица Каралиевски на крајот од овој месец ќе настапат на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ а Јовица во фолк вечерта како аранжер и продуцент ќе има песна во изведба на Милован Секулоски.
Публицитет.мк