Охридските бели на вчерашниот натпревар на екипата на Осогово до врв им ја наполнија мрежата постигнувајќи висока и убедлива победа од 5-0.
Во текот на целиот натпревар охридските бели ја имаа иницијативата цело време го диктираа темпото и како плод на таквата игра постигнаа висока и заслужена победа.
Играч на натпреварот беше Дамјан Масевски кој што беше двоен стрелец, а беше и асистент на два гола.
Покрај Масевски во листата на стрелци се запишаа Емил Скоко, како и Филип Димоски, додека најубавиот гол на натпреварот беше Евро голот на Самед Кадриоски.
Со ова победа трета по ред, охридските бели покажаа и докажаа дека кога сакаат можат да бидат и ефикасни.