Охриѓани после неколкуте половични резултати во овој дел од првенството се чини дека кога беше најпотребно за враќање во самодовербата одигра мудро и тактички зрело со што славеа победа над мошне добрата екипа на Беса.
Од самиот почеток се виде дека екипата на Охрид ќе има тешка задача за да стигнат до поволен резултат.
Во првото полувреме првата шанса за да дојдат до водство ја имаа гостите но голманот Серафимоски кој на денешниот натпревар беше на висина на својата задача одлично одбрани.
Веднаш потоа охриѓани наместо голот ја погодија стативата така да првиот дел заврши без голови.
Во второто полувреме нарочито по измените и по влегувањето на Александар Ѓорѓиески истиот тој постигна убав гол со кој гол охриѓани дојдоа во водство тоа како да беше поттик за уште поголем притисок према гостинскиот гол за да после краток период со прекрасниот гол на Алтин Лога охриѓани поведат со сигурни 2-0.
И за да не биде се така лесно охриѓани при крајот на натпреварот би рекле несмасно интервенираа би рекле во една безопасна ситуација за гол и судијата покажа на белата точка.
со тоа гостите намалија на 2-1 и за малку можеше да дојде до несакан пресврт но за среќа на домашните до тоа не дојде така што постигнатиот гол од пенал остана и конечен резултат од 2-1 на денешниот тежок но квалитетен фудбалски натпревар во кој охриѓани освоија важни бодови за што подобар пласман на второлигашката табела и што е најважно со оваа убава победа ја вратија разнишаната самодоверба.
И Арсеноски, Охрид Спорт