Вчера во Охрид на 89 годишна возраст почина Никола Матлиевски-Пашата, стопанственик и поранешен градоначалник на Општина Охрид.
Покојниот Никола Матлиевски – Пашата генерации охриѓани го врзуваа со ЕМО кој под негово раководство прерасна во гигант познат низ цела Македонија, поранешна Југославија но и во светот. Матлиевски во еден мандат од 1996 до 2000 година беше и градоначалник на Охрид.
Посмртните останки на Никола Матлиевски-Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид утре – понеделник од 12 до 12:30 часот.
Публицитет.мк