• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Почина новинарот Симон Илиевски

декември 12, 2023
in Тикер
Почина новинарот Симон Илиевски

Синоќа во Охрид по кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар Симон Илиевски. Оваа вест болно одекна меѓу нас новинарите, неговите колеги од медиумите, општината, другарите и пријателите. Беше добар колега, вреден новинар… Нека почива во мир. 

Илиевски завршил Интердисциплинарни студии по новинарсво на Правниот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  запишал но  не ги довршил постдипломските студии на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград.

Со новинарство се занимава од средношколските денови пишувајќи за   Студентски збор,учествува во подготовката на младинската емисија на Радио Охрид и три години пишува и  е член на редакцискиот одбор на  Јужен бран, списание на гимназијата  Св.Климент Охридски .Од 1976 е дел од редакцијата на Студентски збор, како соработник,а подоцна уредник на актуелно-политичката рубрика.Од 1978 година, како професионален новинар е член на Здружението на новинарите на Македонија и Здружението на новинарите на Југославија.

Покрај во „Студенски збор“ работи на проекти на Македонската радио телевизија, пишува за белградски Студент, загребски Студентски лист, словенечките Трибуна и Катедра, а бил дописник на радиото Београд 202 и весникот Младост. Во 1984 година се вработува во Радио Охрид како новинар, потоа  бил уредник и главен и одговорен уредник. Во тој период соработува со Македонското радио,  Студио Б, текстови објавува во Борба,Политика, НИН,повремено пишува за агенцијата Танјуг, и се јавува за  култните емисии Зелени мегахерц и Програм у боји.

Од 1998 година беше постојан дописник од Охрид за Утрински весник и телевизијата Канал 5,работеше и за локалните телевизија ТВМ и АТВ, соосновач е на КАТ продукцијата и Агенцијата за односи со јавност ТИМ 21.Во 2010 година ја напушта новинарската професија, во 2011 година се вработи во општина Охрид во ресорот за односи со јавност од каде замина во пензија , иако новинарите никогаш не заминуваат во пензија. Слава му!

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 140
Share
Previous Post

Д-р Љубица Миќуновиќ – Деребанова промовирана во доктор на медицински науки

Next Post

Во четврток во Охрид хуманитарно поетско читање под мотото: “Имам нешто да ти кажам”

Next Post

Во четврток во Охрид хуманитарно поетско читање под мотото: "Имам нешто да ти кажам”

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk