Од овој земен свет денеска си замина уште една македонска телевизиска легенда . Снежана Липковска Хаџи-Наумова (1946-2025).
Родена е во Скопје. Заврши Филозофски факултет – романска филологија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како новинар и водител работеше во Македонската телевизија уште од нејзиното основање. Соработуваше со повеќе телевизиски куќи од Европа, како Телевизија Малта, а 4 години работеше и во Телевизија Белград. Беше водител на повеќе фестивали на забавна музика во поранешната СФРЈ, како Опатија, Загреб, Белград, Скопје, итн…
Четири пати е добитничка на новинарската награда Гордана Бонети, наменета за најдобриот радио и телевизиски водител на подрачјето на Југославија.
Има освоено награди за документарни филмови на филмски фестивали во Србија и Италија. Автор е и на голем број патописни серијали на телевизија, интервјуа, разни емисии од културата, како и текстови за забавна музика и новинарски статии во повеќе весници на поранешните југословенски простори, како „Студентски збор“, „Мисла“, „Журнал“, „Екран“, „Плави вјесник“ (Загреб)…
Автор е на збирката новели „Хотелски стории“. Основач е на клубот „ЛИОНС Скопје – Кале“.
По кратко боледување почина во Скопје.
Посмртните останки на Липковска Хаџи – Наумова ќе бидат погребани на гробиштата Бутел во Скопје на 23 јануари во 11 часот.
Фото: Зоран Летра
Публицитет.мк