• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Почнува ЕУРО 2024: „Летна бајка“ под кочници

јуни 15, 2024
in Омнубус
Почнува ЕУРО 2024: „Летна бајка“ под кочници

Фудбалскиот турнир започнува во пикантен момент за Германија и за светот. Колкав е стравот од терористички напади? Кој заработува од фудбалот, а кој го плаќа цехот? А кој ќе го подигне пехарот на крајот?

Кога денеска (петок) во 21 часот топката ќе се затркала од центарот на минхенската Алијанц Арена, тоа ќе биде почеток на  Европското фудбалско првенство  на кое 24 екипи сонуваат за титулата. А за Германија почеток на едномесечната еуфорија во десетте градови каде се игра… можеби и нова Летна бајка.

Што е летна бајка?

Нема никој во Германија кој нема веднаш да се сети на Летната бајка (Sommermärchen), како што нагалено се нарекува Светското првенство одржано во Германија во 2006 година. Сега сите се надеваат на некаква реприза.

Суштината на Летната бајка беше дека Германците – петнаесет години по обединувањето и шеесет години по Втората светска војна – се ослободија од стравот да се гордеат со своето знаме. Како и кај другите нации на тој шампионат, германското знаме исто така стана израз на поддршка за фудбалот и својот тим, можеби и патриотизам, но веќе не изгледаше заканувачко.

Со други зборови, Германија тогаш симболично се ослободи од својата „вкочанетост“ и се врати „во светот“, иако политички тоа веќе претходно го направи.

„Во 2006 година, моќта на фудбалот доведе до тоа една скептична нација – која не е склона кон ризик, но е речиси фанатична во поглед на безбедноста – да ги рашири рацете и да прослави голема забава“, изјави за ДВ познатиот социолог Томас Друен.

Печатот сега е полн со написи за новата Летна бајка, но и Германија и светот сега се многу помрачно место од пред осумнаесет години. Можеби вреди да се погледне од аголот кој го нуди швајцарскиот јавен сервис СРФ – во ситуација кога десницата „цвета” во Германија, пишува СРФ, можеби не е време за лежерно веење на знамето.

Социологот Друен има поинакво мислење за ова: „Чувството на заедништво би ги зближило луѓето, а не би ги оддалечило”.  Репрезентацијата е група полна со различности  во која се застапени различни културни елементи. Кога се слават, се контрира на расистичките аргументи. Затоа не гледам опасност дека голем успех на Германија би бил инструментализиран од десничарите”.

СРФ пак понатаму пишува: „Дури и ако војната во Украина, стравот од паѓање на стандардот и гневот кон владата не се постојано присутни, за многумина, среќата е поматена од загриженоста од исламистички терористички напади“. Можеби да не се оди на јавно гледање натпревари?“, пишува СРФ.

Колкава е опасноста од напад?

Според едно истражување, близу педесет проценти од Германците имаат помал или поголем страв дека првенството ќе биде искористено за терористички напади. Една петтина од Германците, како мерка на претпазливост, нема да одат на јавно, заедничко гледање натпревари на голем екран што се организира на многу места во секој град.

„Се надеваме на најдоброто, се подготвуваме за најлошото“, рече Оливер Штрудхоф, шеф на Заедничкиот меѓународен центар за полициска соработка, кој беше формиран во пресрет на првенството. Министерот за правда Марко Бушман вели дека не може да има стопроцентна безбедносна гаранција.

Додека Бушман предупредува на  можни руски саботажи и напади врз Евреи или синагоги во екот на војната во Газа, постојат и индикации дека „Исламската држава Хорасан” (ИСК) би можела да се обиде со спектакуларен масовен напад што ќе го привлече вниманието на цел свет.

Во септември на аеродромот во Бон беше уапсен маж поврзан со ИСК, а потоа беше откриено дека се обидувал да се пријави како редар за Европското првенство.

Околу Божиќ, познатата катедрала во Келн беше под силна полициска заштита и затворена за туристи поради разузнавачките извештаи дека „Исламска држава” планирала напади во Келн и Виена. Во март извршија крвав напад во Москва. А сеќавањето за масакрот на „Исламската држава” во Париз за време на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија во 2015 година е сè уште свежо.

„Сите ќе гледаат во Германија во овие неколку недели од првенството“, изјави за ДВ Ханс Јакоб Шиндлер од невладината организација Проект против екстремизмот. „Затоа нашите противници ќе се обидат да направат се за да го нарушат ова”.

Малку за фудбалот

Кладилниците немаат речиси никакви дилеми и со ред ја бележат Англија како прв фаворит на турнирот.

Но, суперкомпјутерот вели малку поинаку. Имено, компанијата Опта, која се занимава со анализа на спортски податоци, го „нахранила” компјутерот со сите информации кои тие ги сметаат за важни и компјутерот илјада пати ги поминал сите сценарија. Тој вели дека најмногу шанси има Франција (19%), потоа Англија (18%) и Германија (14%). 

Компјутерот беше прилично безмилосен кон земјите настанати од поранешна Југославија, бидејќи дури и на Хрватска ѝ  дава шанса од само два отсто, на Србија еден, а на Словенија нула.

Кога се во прашање Германците, тие се окупирани од киксовите на долгогодишниот прв голман Мануел Нојер. Иако сите, од тренерот Јулијан Нагелсман па натаму, се обидоа да ја задушат таа дебата – спортските новинари и јавноста се прашуваат дали Нојер (38) сепак ги одбројал своите најдобри денови.

Во анкета на таблоидот Билд, дури 72 отсто од луѓето се изјасниле дека би дале предност на Марк-Андре тер Штеген (32), уште еден врвен голман кој е вечна резерва во националниот тим.

Како и да е, Тони Крос на овој турнир ќе се збогува од фудбалот. Нојер, капитенот Илкај Гиндоган и Томас Милер ќе се простат од репрезентацијата – ова трио единствено остана од тимот кој пред десет години стана светски првак.

Ова е инаку трето првенство на континентот каде играат 24 екипи. Тие се поделени во шест групи, двете најдобри од секоја група и четирите најдобри третопласирани продолжуваат, нокаут фазата започнува од осминафиналето. Така се добиваат 51 натпревар, што секако има врска со пари.

УЕФА си ги полни џебовите

Билетите за натпреварите се поскапи од било кога, но речиси сите 2,7 милиони билети се распродадени. Просечните цени се движат од 150 до 400 евра.

Европската фудбалска федерација е овластена за продажба на билети, телевизиски права, права за јавна гледаност, зема пари од спонзори… Според пресметките ќе свртат 2,4 милијарди евра, а 1,75 милијарди ќе бидат чист профит.

А што има Германија? Според УЕФА, ќе платат околу 65 милиони евра данок, што е даночна стапка од 3,8 отсто. Вака вообичаено функционира УЕФА кога се преговара – се бара многу од домаќините, вклучително и даночни олеснувања. Спортскиот социолог Гунтер Гебауер ова го нарече „мека уцена“.

Од друга страна, како што претходно открија медиумите, германската држава, покраините и градови ќе потрошат околу 650 милиони евра за организацијата, иако Германија има многу добри стадиони, па не мораше ништо да гради. Но, организирање прослави за навивачите, ангажман на полиција и обезбедување и слично… сето тоа чини.

Од друга страна, како што вели градоначалникот на Диселдорф, само во тој град ќе има пет натпревари со по 50.000 навивачи, ако секој потроши сто евра во градот, тоа се 25 милиони евра. А рекламирањето за Германија и градовите е непроценливо.

Има, се разбира,  цела мала економија околу фудбалот.  Германците пред првенство купуваат 45 до 77 отсто повеќе телевизори. За време на големите турнири се троши 15 проценти  повеќе пиво.  А каде што има фудбал и пиво, има и колбаси – се продаваат дури педесет проценти повеќе.

Извор: DW на македонски

Публицитет.мк

Посетеност: 323
Share
Previous Post

На охридското крајбрежје нема доволно спасувачи, плажите небезбедни

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на наследен ангиоедем

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на наследен ангиоедем

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 323

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk