Состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржува на 22 и 23 ноември, во Европскиот парламент во Стразбур, на кој учестува Делегација во состав: Соња Мираковска, претседател на Делегацијата, Фиснике Бектеши Шаќири, заменик-претседател, Жаклина Лазаревска, член, Маја Морачанин, член, Иванка Василевска, член, Жаклина Пешевска, член и Сафие Садики Шаини, заменик-член на Делегацијата, започна со воведни обраќања на двајцата копретстедавачи на Комитетот, Андреас Шидер и Соња Мираковска.
Двајцата говорници изразија задоволство што од минатиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, како што се наведува во последниот Извештај на Европската комисија, процесот на скрининг напредува непречено и институциите покажуваат високо ниво на посветеност. Објавен е извештајот за скринингот за Кластерот 1 – Темелни вредност во кој се дава приказ на состојбите и се даваат насокои за идните реформи кои земјата треба да ги спроведе во владеењето на правото, реформи во правосудството, борба со корупцијата и организираниот криминал и човековите права.
Беше истакнато дека геополитичката стабилност во светот се менува, потребно е процесот на проширување да продолжи и да почнат преговорите со земјата. Понатаму, беше нагласено дека е потребно да се одржува партискиот дијалог во земјата и да се постигне национален односно политички консензус. Поздравено беше донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието како начин за засилување на функционалноста на парламентот.
Членовите на Мешовитиот паркламентарен комитет разменија мислења и со г. Зулфи Исмаили, амбасадор во Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ, во име на Владата на Република Северна Македонија, како и со преставници на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи. .
Вториот дел на состанокот беше посветен на точките од дневниот ред кои се однесуваат на основните права, владеење на правото: борбата против корупцијата како и добрососедските односи и регионалната соработка. Во дискусиите беше нагласено дека Република Северна Македонија се смета за доверлив партнер но, со цел земјата да напредува, потребно е да се продолжи со реформите во областа на правосудството, јавните набавки и јавната администрација, како и да се продолжи со мерките за сузбивање на корупцијата. Се укажа дека мора да се засилат активностите за враќање на довербата во судството во земјата, како и да се избегнува донесување на закони во Собранието по скратена постапка.. Пратениците подетално се осврнаа на реформите и мерките и активностите кои се преземаат во овие области.
Во врска со добрососедските односи беше нагласено дека Република Северна Македонија со својот активен ангажман се залага за отворен, билатерален и регионален политички дијалог и има за цел со отворен, искрен и конструктивен пристап да ја поттикнува соработката за актуелни прашања за стабилноста и одржливиот развој на регионот како целина. Се потенцираше дека регионалните иницијативи се оние кои го претвораат регионалниот во европски пат и дека земјата е целосно посветена на регионалната интеграција која преку политички и безбедносни соседски соработки ќе донесе поблиска меѓусебна економска интеграција.
Пратеничката Жаклина Лазаревска од Охрид беше воведничар на шестатат точка од дневниот ред и зборуваше за ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА, а потоа се вклучи и во дискусијата на 7 точка на тема: МЕДИУМИ И ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО.
Во текот на вториот работен ден на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ со своите колеги од Европскиот парламент дискутираа за медиуми и граѓанско општество, за животната средина и енергетската криза, како и за дијалогот Жан Моне.
Беше нагласено дека граѓанските организации играат важна улога во реформскиот процес и во процесот на одлучување и дека во таа насока Советот за соработка меѓу Владата и граѓанските организации треба да се зајакне од логистички аспект. Пратениците од Европскиот парламент го поздравија подемот за 52 места во годишните извештаи на Репортери без граници во изминатите две години, што ја става земјата на 38-то место од 180 земји и на највисокото од сите земји од Западен Балкан. Понатаму тие информираа за работата на Законот за слобода на медиумите во Европскиот парламент, кон кој Северна Македонија во иднина ќе мора да се прилагоди. Медиумите и граѓанските организации беа означени како чувари на демократијата и оние кои ги идентификуваат грешките на креаторите на политиките.
Во однос на животната средина и енергетската криза пратениците информираа за Националниот енергетски акциски план на Северна Македонија за 2022-2023 кој има за цел да ги заштити потрошувачите и нивниот животен стандард од директното влијание на растот на цените на енергијата и храната, кој вклучува низа мерки за поддршка на економијата и на граѓаните, како и мерки за подобрување на законодавството и изготвување на стратешка документација со цел усогласување со законските регулативи на ЕУ, овозможување фер енергетска транзиција и спроведување на пакетот за чиста енергија.
Извор: https://www.sobranie.mk/
Публицитет.мк