Со помош на Владата на Република Северна Македонија и согласно донесениот Закон за претворање на побарувањата по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП „Колекторски систем“, преземениот долг од МЈП „Проаква“ во вредност од 281.314.175,00 денари е трансформиран како сопственички капитал на Владата на Република Северна Македонија во Јавното претпријатие, информираат од ЈП „Колекторски систем“.
Ова претставува огромно олеснување за билансите на ЈП „Колекторски систем“ и придонесува кон значително подобрување на неговата ликвидност и можност за непречено функционирање, а со тоа и повеќе средства за тековно одржување и инвестирање во застарениот систем. Преку оваа постапка се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Струга што понатака ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нивно нормално работење, соопштија од ЈП „Колекторски систем.
Публицитет.мк