• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ од Трпејца од Милчо Јованоски

јули 26, 2025
in Актуелно
Промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ од Трпејца од Милчо Јованоски

Сношти во рамките на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца беше промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ дело на познатиот новинар и публицист Милчо Јованоски.

-Ова е монографија за една од најпозитивните и најуспешните приказни од спортовите на вода кај нас, која, искрено, како да е создадена според филмско сценарио, рече на почетокот промоторот на книгата Горан Момироски, познат новинар и публицист од Охрид.

Најверојатно, младите пред близу пет децении а сигурно и денес ги носат гените наследени од предците кои пред чунојте и кајчињата да влезат во спортските води, со силата на своите раце, тело и ум ја совладале езерската шир. Тие веслале најдобро за риболов и егзистенција, нивните потомци за медали и спортски успеси, рече Момироски, потенцирајќи ги следните неоспорни факти:

-Кајакарите и раководството ги достигнале највисоките спортски врвови во една исклучителна конкуренција која владеела во поранешна Југославаија со 20 милиони жители , стотици кајакарски и веслачки клубови со илјадници спортисти кои беа светски, европски и олимписки шампиони. Ете, таква беше конкуренцијата на трпејчани а тие повеќе од успешно се носеа со нив, а за тоа сведочат  златните и други сјајни одликувања освоени на државните првенства во некогашна СФРЈ во Белград и Јајце а и потоа во самостојна Македонија, кажа Момироски.

-Успесите и спортските достигнувања на КК РИБАР се поместени во монографијата што ја подготви еминентниот новинар и публицист Милчо Јованоски, чие дело е од исклучително значење не само за Трпејца, туку и за спортот во Охрид и Македонија воопшто. Книгата го отвора патот до вечноста на клубот и кајакарките и кајакарите и тренерите, спортските и општествени работници, помагатели…

Упатувам честитки до колегата Јованоски, кој во овие нови дигитални времиња, вложи многу труд да ја овековечи историјата и успесите на КК РИБАР од едни времиња кога се имаше малку,  а тешко достижни денес, кога речиси имаме сѐ, рече промоторот Горан Момироски.

-Кајакарскиот клуб „Рибар“ е создаден од ентузијасти, љубители на езерото и спортски броци со дух. Тие со малку пари и многу љубов и посветеност ја изградија златната ера на кајакарството во Трпејца рамно на она во Македонија, тогашна Југославија и надвор од неа. Преку собраните живописни сведоштва, како автор се обидов и се надевам успеав да го реконструирам времето кога „Рибар“ беше повеќе од куб – беше симбол на селото и страста кон победи.

Подготовката на монографијата траеше речиси една година. Година, исполнета со истражувања, средби со поранешни членови. „копање“ по пожолтените фотографии и документи расфрлани по фиоки и тавани. Сите тие имаат своја приказна, тежина и вредност. Овие собрани парчиња во мозаикот сега имаат нова гласност и значење. Во монографијата објавен е и список на членови. Однапред се извинувам на оние кои ненамерно се пропуштени. Но, едно е јасно дека цело Трпејца некогаш беше КК „Рибар“.

Треба да остане забележано во историјата не само на клубот туку и во меморијата на сите кои ја сакаат Трпејца дека основачи на КК „Рибар“ во 1979 година биле: Петар Маркоски- претседател, Бранко Јованоски- заменик претседател, Љубомир Климоски – секретар и Номче Митрески – тренер. Денес клубот преживува на хартија и чека некои подобри времиња и кајакари кои ќе ја вратат старата слава на нивните предци. Сега во раководството се: Васко Јованоски – претседател и членовите: Љубе Тодороски и Милчо Стефаноски, рече авторот Јованоски.

Милчо Јованоски е еден од идејните творци на манифестацијата „На зајдисонце“ во чии рамки од 2012 година се одржува кајакарската регата „Номче Митрески“ со цел да се зачува традицијата и духот на едно време.

Сношти, извадоци од монографијата пред публиката читаше актерката Марија Кондовска а вечерта со својот настап ја збогатија – познатиот охридски гитарист Мартин Милески и младиот гитарист Душан Балтоски од Струга.

Издавач на монографијата е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид а нејзиното издавање го помогнаа Општина Охрид, асоцијацијата Спорт за сите и ЛТХ Леарница – Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 583
Share
Previous Post

Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

Next Post

Хрватската поп дива, Јелена Розга, го ,, прегрна” охридскиот подиум

Next Post
Хрватската поп дива, Јелена Розга, го ,, прегрна” охридскиот подиум

Хрватската поп дива, Јелена Розга, го ,, прегрна" охридскиот подиум

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 583

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk