Во понеделник, 10 јуни од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Работа со лутината во психотерапијата“ од Џон Бернард Харис.
Оваа книга се потпира на Гешталтистичкиот пристап со дополнителен материјал во неа од Питер Филипсон.
Издавач е УВИД – Центарот за едукација и личен развој од Скопје а преведувач од англиски и уредник на македонското издание е д-р Розета Паскалиева која во Охрид, заедно со директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски ќе говорат за нејзината содржина.
Лутината претставува една од основните емоции кај човекот. Поради тоа што не знаеме како да се однесуваме кон оваа емоција, лутината предизвикува во нас непријатно доживување. Уште од најрана возраст, ние сме учени да се пазиме од лутината , како од својата , така и од лутината на другите…
Лутината, тагата, стравот и радоста се чувства кои се дел од нас и исто толку природни колку што е природно дишењето или хранењето.
Книгата се базира на личните искуства на авторот при работата со клиентите и примената гешталт терапијата во надминувањето на нивните проблеми од овој вид.
Публицитет.мк