ГРК Охрид, кои технички беа гости на овој натпревар, убедливо ја совладаа екипата на Младост од Богданци со 19:34, полувреме 09:20.
Екипата на Младост од. Богданци лидерот на едната од групите во Првата лига којa до денешниот натпревар не знаeше за пораз, на овој натпревар иако се трудеше достојно да парира, сепак ништо не можеше да направи освен да се помири со поразот од денес поквалитетниот противник.
Се доби впечаток дека охриѓани на денешниот натпревар играа толку колку што им беше потребно за да дојдат до оваа победа.
На крајот вреди да напоменеме дека на овој натпревар, а прв пат во Охрид судии беа две дами кои без грешка си ја завршија денешната работа.
ГРК Охрид: Брќиќ, Ѓорѓески, Речскоски, Ојлески 3, К. Андоновски, Стоилевски 1, Шипинкоски 3, Б. Ристески, Н. Ристески 4, Тасески, Шафранко, Шешиќ 7, Каракоч 6, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ 4, Цирар 1.
РК Младост Богданци: Панов, Пеев, Костадинов, Атанасов 1, Каровски, Прчев, Стојановски, Николоски 6, Паунков, Роглев 1, Гогов 2, Чрчев 3, Каркалашев 4, Ѓуриќ 2.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк