ГРК Охрид во eзерското дерби со Струга. а во рамките од осмото коло од групата А во Супер лигата, во преполната сала „Билјанини извори“, сношти охриѓани славеа би рекле лесно и убедливо со 30:20, полувреме 13:09.и по втор пат сезонава им нанесоа тежок пораз на стружани.
Уште од самиот почеток ,,охридската машинерија”почна да го меле противникот,охриѓани ја наметнаа својата игра, и како што одминуваше времето така стануваше се појасно дека стружани и по втор пат сезонава ќе претрпат пораз но само едно не беше јасно со колкава гол разлика ќе заврши ова езерско дерби.
Стружани ништо не можеа да направат во овој натпревар освен да го признаат поразот и на крајот да им ја честитаат победата на охриѓани.
Кај домашните Шешиќ и Цирар постигнаа по шест голови потоа следуваат:
Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески 4, К. Андоновски 1, Стилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски 1, Д. Андоновски, Тасески 1, Шафранко 1, Кукоски, Крстевски 3, Орионикидѕе 4, Бојаниќ 2.
И.Арсеноски
Ohrid Sport