Ракометариоте на Охрид загубија од Алкалоид на гостувањето во Скопје.
Кога на голот на Алкалоид ќе имате голман како што тоа беше младиот Галевски кој имаше дури седумнаесет успешни одбрани тогаш тешко е да се надевате на успех.
Екипата на Алкалоид освем во првите 15 минути кога резултатот беше во егал, во текот на преостанатиот дел од натпреварот домаќините беа во постојано водство, а охриѓани само на неколку пати стигнуваат до минус два и ништо повеќе од тоа.
ГРК Охрид: Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески, К. Андоновски, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Д. Андоновски 1, Тасески 3, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски 2, Шешиќ, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 6, Цирар 3.
И.Арсеноски – Ohrid Sport
Публицитет.мк