7-ма регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.
Целта на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници.
„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот.На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни работници, се врати дома со двајца нови полноправни членови на Асоцијацијата, 7 признанија за најдобри наставници, едно признание за најдобар директор, 3 признанија за најдобри штандови на Саемот на образование и признание за најдобар амбасадор за Ксенија Маказлиева Трајческа .

Со големо задоволство и гордост ќе го понесам ова признание за: Најдобар наставник во регионот од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот.
Посветеноста, мотивираноста, ентузијазмот светнаа како уште една ѕвезда на ова ѕвездено небо на најуспешните наставници
Среќна сум што за името на моето училиште “ООУ Св. Наум Охридски” – Пештани и мојот сакан Охрид се слушна дури во Хрватска.
Конференцијата заврши со доделување на сертификати на учесниците на конференцијата. Ова беше уште една можност најдобрите наставници од регионот да се соберат, да ги разменат своите идеи и искуства, да ја претстават својата работа и училиште, како и земјата од која доаѓаат.

Следната , осмата по ред Конференција во прекрасниот Охрид, градот кој лулка на словенската писменост и култура.
Светот на образованието ги брише границите.
Лила Каранфиловска
Публицитет.мк