Францускипт музичар и светска ди џеј сензација, Хугел, го означи крајот на празничниот илинденски викенд, покрај езерскиор брег.
За време на настапот во еден момент, тој го го развиори македонското знаме, покажувајќи почит кон празникот и кон Македонија.
Синоќешниот перформанс е показател зошто овој миленик на младата публика во светски рамки е еден од најбараните музички продуценти, диџеи и изведувачи.
Првите чекори кон славата ги направи со ремиксот на ,,Бела Чао”, што стана апсолутен хит во 2018 година, како и со сопствената композиција ,,Моренита”, со која што даде значителен придонес кон популаризацијата на латино – хаус музичкиот жанр.

Во текот на неговата кариера, соработувал со многубројни артисти, меѓу кои и Дејвид Гета, Рпбин Шулц и Џеј Балвин. Негов најгочем хит е ,, I adore you”, од 2004 година.
Зад неговото име стојат и ”Еlectronic Dance Music Awards” како,откритие на 2024 година, најдобра соработка и афро – хаус песна за 2025 година.
,, Прагма продукција” ја продолжува серијата музички настани, со концертите на Jелена Томашевиќ на 6 август и на Владо Јаневски два дена подоцна, на 8 август. Локацијата е добро позната, Античкиот театар.
Весна Цветаноска