• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Се состана Локалниот совет за превенција со цел анализирање на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионов  

јули 23, 2024
in Актуелно
Се состана  Локалниот совет за превенција со цел анализирање на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионов  


Денеска на иницијатива на СВР Охрид и локалната самоуправа во просториите на општина Охрид, состанок одржа Локалниот совет за превенција и Штабот за заштита и спасување на општина Охрид.
Целта на средбата беше анализа на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионов, поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти што стопанисуваат и управуваат со шумите и други мерки за нивна поефикасна заштита од пожари.
Според изнесените податоци, на подрачјево не се регистрирани пожари од пошироки размери во шумските појаси, а според статистиката на претставниците на СВР Охрид во првата половина од 2024 година, пријавени се 20 пожари на отворен простор на нискостеблести предели -стрништа и ниви, случени во општините Охрид и Дебарца.
Ова значи дека е зголемен бројот на пожари бидејќи споредбено со минатата 2023 година, на подрачјето на општина Охрид и Дебарца биле пријавени вкупно 20 пожари на отворен простор.
Оттука, на денешниот состанок беше одлучено да се интензивираат превентивните мерки и да се оформат посебни мобилни тимови составени од членови на надлежните служби кои, ќе вршат патролирање низ шумските појаси во Охрид и Дебрца, ќе се продолжи со мониторинг на теренот и континуирано следење на состојбите, ќе се интензивираат контактите со месните заедници и месното население, со ловните друштва.
Акцент беше ставен на значењето на доброволните противпожарни друштва и нивното значење за првично сузбивање на шумскиот пожар се до доаѓањето на професионалната Територијална противпожарна единица како и на потребата од поголем обука и опременост на членовите на доброволните противпожарните друштва кои ги има на подрачјето.
На состанокот беше заклучено дека е потребно вклучување на сите расположливи капацитети и опрема што може наменски да се користат за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.  
Денешниот состанок на Локалниот совет за превенција, доаѓа поради зачестените регистрирани пожари на подрачјето во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа. Претставниците на надлежните субјекти,  упатија апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета.
СВР Охрид посебно ги нагласи казнените законски одредби и потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.
Беше одлучено и поинтензивно актуелизирање на препораките за заштита од пожари, со цел населението да биде подобро информирано за актуелните препораки за заштита од пожари. На координативниот состанокот покрај претставници на Општина Охрид и СВР Охрид, присутвуваа претставници на Регионалниот центар за гранични работи – Запад, Територијалната противпожарна единица Охрид, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница „Галичица“, претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, претставници на Шумската полиција, претставници на Црвен крст, Планинската спасителна служба и Здравствен дом Охрид, соопштија од СВР Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 122
Share
Previous Post

ЗАПОЧНА ТРИНАЕСЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРЕПЕЈЦА

Next Post

Овој петок”Малите Ѕвездички со К-2″

Next Post
Овој петок”Малите Ѕвездички со К-2″

Овој петок"Малите Ѕвездички со К-2"

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk