• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Слоу Фуд Салон 2025: ЗАЕДНО СО ПРИРОДАТА!

декември 12, 2025
in На минување
Слоу Фуд Салон 2025: ЗАЕДНО СО ПРИРОДАТА!

На 13 декември 2025 (сабота) во хотел Континентал, од 11 до 20часот, ќе се одржи 4-тото издание на Слоу Фуд Салон 2025. Оваа година, под мотото ЗАЕДНО СО ПРИРОДАТА, ќе го истражуваме длабокиот однос помеѓу човекот и природата, инспирирани од мислата на Алберт Ајнштајн: „Погледнете длабоко во природата и тогаш сè ќе разберете подобро“.


Во време кога се оддалечуваме од нашите корени, Слоу Фуд ја покажува патеката кон обновување на врската со природата и еко-системот. Токму затоа овој салон не е само настан, туку повик за промена: премин од трошење на природни ресурси во регенеративна фаза која ја обновува и почитува земјата, водата и сите живи организми.

На Слоу Фуд Салон 2025 ќе може да се ужива, истражува и вкусува на Саемот на производи на храна – запознавајќи ги локалните и регионалните производители од целата Македонија кои ја негуваат традицијата и произведуваат добра, чиста и правична храна.
Тука е и Салон на пијалоци, што е идеална можност да се откријат и вкусат пијалаци произведени со почит кон природата.

На Слоу Фуд Арената ќе се одржат три форуми каде ќе се судруваат идеи и ќе се водат отворени разговори кои ја обликуваат нашата врска со природата: Едукација за одржлива иднина, Агроекологија и Слоу Фуд фарми и Слоу Фуд Травел.
Најавени се атрактивни мастер класови и дегустации, богатата палета на Миксологијата – локалните пијалаци во нови комбинации, потоа- школо за готвење -новитет каде ќе се изучува природната храна и природните процеси, рецепти за ферментирање и подготовка на храна а вистинска авантура ќе биде да се истражи Павиљонот Маслинкарник…
Детското катче е специјално подготвено за најмладите, а во него, децата ќе учествуваат во четири креативни работилници кои ќе ги поврзат со природата и храната: „Шепот на природата“, „Природна сложувалка“, „Разговор со природата“, и „Малите чувари на живиот свет“.
Слоу Фуд Салонот е подржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската организација We Effect.

Публицитет.мк

Посетеност: 3.189
Share
Previous Post

БОРИВОЈЕ БОРА ЖИВАЉЕВИЌ: Со “Патот до пеколот” на младите сакам да им го трасирам патот кој не’ води таму!

Next Post

Вклучете се во хуманитарната акција ВОЛШЕБНА ЕЛКА на Црвен крст – Охрид

Next Post
Вклучете се во хуманитарната акција ВОЛШЕБНА ЕЛКА на Црвен крст – Охрид

Вклучете се во хуманитарната акција ВОЛШЕБНА ЕЛКА на Црвен крст - Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 3.189

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk