По освоените важни бодови на домашен терен од минатото коло, и победата над македонскиот вицепрвак Алкалоид, ракометарите на Охрид продолжија во победнички ритам откако во Скопје на гостувањето кај Пролет успеаа да запишат нова важна победа.
Што се однесува до натпреварот и двете екипи на почетокот главно беа изедначени на теренот,Пролет ја диктираше играта и дојде до минимално водство од „плус два“, но надежта дека можат да направат нешто повеќе траеше до 23 минута, бидејќи финишот на првиот дел охриѓани го искористија за да се вратат во игра и да го вратат својот ритам на теренот. така што на крајот на првите триесет минути охриѓани создадоа предност од два гола (13-15).
На почетокот на второто полувреме Охрид создаде капитал од три голови, кои успеа да ги сочува се’ до 40 минута кога Пролет се доближи на само гол негатива, но повторно следеше нова низа на Охрид за највисоки „плус четири“ 20-24 и тоа на средина на вториот дел.Разлика која домаќинот не успеа да ја стигне до крајот на натпреварот.
Во финишот Пролет успеа да намали дел од негативата, но не беше закана за бодовите на гостите. По шеесет одиграни минути Охрид прокнижи нови три бодови во македонскиот шампионат со победа од 32-28.
Покрај сите играчи кој настапија на овој натпревар, клучни и заслужни за победата на охриѓани беа повторно голманот Ѓорѓески со 12 одбрани како и Орјоникидзе со 8 и Цирар кој постигна вкупно 14 голови.
ГРК Охрид:
Ѓорѓески (12 одбрани), Ојлески 4, Мацуока, Јукиќ 2, Дрогришки, Пелидија, Шипинкоски, Ристевски, Тасески 1, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски 1, Орјоникидзе 8, Бојаниќ 2, Цирар 12.
Следи репрезентативна пауза по која Охрид дома го пречекува Вардар.
И.Арсеноски