• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Утревечер во Охрид гостува Македонскиот Брас Квинтет

октомври 6, 2025
in Култура
Утревечер во Охрид гостува Македонскиот Брас Квинтет

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид утре – понеделник од 20 часот гостува „Македонски Брас Квинтет“ . На репертоарот ќе бидат обработки на македонски традиционални мелодии. Концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам, а влезот е бесплатен.

Македонскиот Брас Квинтет е состав оформен во 2017 година како иницијатива за музицирање во најпознатиот формат за камерна музика за лимените инструменти.

Во составот членуваат: Драган Младеноски –  труба (прва труба во Македонската филхармонија , долгогодишен член на Биг Бендот на МРТВ како и активен соработник на видни музички имиња како Кирил Џајковски и др.)

Aлександар Златески – труба (прва труба во Национална опера и балет, долгогодишен член на Градскиот оркестар Скопје и на Биг Бендот на МРТВ)

Антонио Костевски – хорна (прв хорнист на Национална опера и балет, поранешен прв хорнист на Софиската опера, како и постојан соработник на оркестарот ФАМЕС)

Димче Белчовски – тромбон (прв тромбон во Македонската филхармонија , доцент на Факултетот за музичка уметност-Скопје и професор по тромбон и туба во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“)

Мицко Дамњановски – туба (тубист во националната опера и балет, Хонорарен соработник во Македонската филхармонија, оркестарот на Црна Гора, ФАМЕС и др.

Во својата кратка, но богата историја, составот бележи повеќе настапи, од кои позначајни се : концертите во Њујорк во 2018 и 2019 година, концертот во Истанбул во 2021,  во Софија,Бугарија во 2022, во Италија во 2023 и Париз 2024 повторно во Италија во 2025 година итн. Серијата концерти во Берово (Музеј на Берово), Кочани (Дом на Културата „Бели Мугри“) и Скопје (Мала Сала на Филхармонија), Штип, Неготино, Куманово итн. Репертоарот на Македонскиот Брас Квинтет се движе низ различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. Покрај концертите, квинтетот остварува и едукативни дружења, со цел запознавање и доближување на лимените инструменти до публиката.

Публицитет.мк

Посетеност: 534
Share
Previous Post

Алма Шемо од Охрид – добитничка на наградата за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик

Next Post

Старите патишта нема да ви отворат нови врати

Next Post
Денешниот ден е ученик на вчерашниот ден

Старите патишта нема да ви отворат нови врати

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 534

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk