Охриѓани и од гостувањето во Новаци се враќаат со полн погодок.
Продолжува победоносната серија така што со оваа победа,а заедно со и еден куп натпревар охриѓани сега имаат шест победи од исто толку натпревари.и се на делба на второто место на второлигашката табела заедно со екипата на Детонит со по 19 бода.Тоа се само три бода помалку од првопласираната Беса која има 22.
Стрелци на головите за екипата на ГФК Охрид Лихнидос беа Наумче Бакрачески, Алтин Лога и Емил Скоко.
.
За задржување на овој висок пласман охриѓани веќе на следниот натпревар ќе имаат можност уште повеќе да ја зацврстат високата позиција на табелата со оглед на тоа што на ,,Билјанини извори”гостува еден од претендентите за Првата лига а тоа е екипата на Пелистер.
И.Арсеноски – Охрид Спорт
Публицитет.мк