Кога беше најпотребно охриѓани загубија во дербито против Пелистер.
На овој пораз на охриѓани најповеќе му кумуваше судијата Фуркан Идризи кој со неговото лошо судење со свирежи и негодување беше испратен од страна на охридската публика.
Овој ист судија со своето катастрофално и тенденциозно судење пред три натпревари директно го оштети Охрид за што беше суспендиран и суспензијата му траеше баш до вчерашниот натпревар.
Охриѓани одлично го започнаа овој дерби натпревар и во првите четириесетина минути во потполност го надиграа традиционално незгодниот противник,и со право први дојдоа во водство со голот на Дишлиески.
Во последните минути од првото полувреме една мала деконцентрација на одбраната на охриѓани беше причина битолчани на лесен начин да дојдат до изедначување на 1-1.
Во второто полувреме повторно гледавме релативно добар фудбал, но и катастрофално судење на судијата Идризи, кој после многуте доделени жолти картони,а при водство на гостите додели и црвен картон за домаќините.
После ова настана мачна сцена на теренот, охриѓани со играч помалку се обидуваа да дојдат до изедначување, меѓутоа гостите со играч повеќе ја искористија таа прилика постигнаа и трет гол со кој само ја потврдија победата.
И на крај не смееме да ја омаловажиме заслужената победа на битолчани, но уште еднаш ќе напоменеме, како тоа еднаш суспендиран судија во случајот судијата Фуркан Демири кој баш поради лошото судење на штета на охриѓани пред три натпревари беше и суспендиран, повторно беше делигиран да му суди баш на охридскиот тим и повторно сега би рекле и осветнички да му се одмазди за се’.
Згора на се зачудува податокот што баш овој дерби натпревар не беше пренесуван во живо, се прашуваме зошто.
Време е луѓето од ФФМ да размислат кој е заслужен да суди дерби натпревар, а на кој треба да им се заблагодари за вакво лошо делење на фудбалската правда.
И.Арсеноски
Ohrid Sport
Публицитет.мк