Синоќа беше една од оние ѕвездени вечери за памтење, кога песната, гласот и чувствата се погласни и кажуваат повеќе од било кој искажан збор. Јелена Томашевиќ покажа и докажа зошто со години наназад публиката и музичката критика ја вбројуваат во водечките женски вокали, на поранешните југословенски простори.
Пленејќи со енергијата и со желбата да направи нешто прекрасно, тоа и го стори, од мелодиите на ,,Кошава” и ,,дождовите кои што се движат ко океаните”, до пораките за незаборав на нејзиното име и евровизиското ,,оро” како современа ода на љубовта.

Посебно воодушеви со топлината, непосредноста и срдечноста со кои им се доближи на присутните и со раскошноста на вокалот, при интерпретацијата на ,,Судбо моја” ,, Македонско девојче” и ,, Елено ќерко”. Кога се случуваат вакви културно уметнички настани, од Вардар па до Триглав, веројатно многумина, дури и ние помладите генерации родени непосредно пред распадот на Југославија, се прашуваат како што би било ако не се случеше една разорувачки виор? Одговорот би бил следен: ,,музиката и културата не поврзуваат сега и секогаш, исто како некогаш”.

Публицитет.мк