Не е шега кога на една професија како што е адвокатурата му посветите три децении или половина од сопствениот живот и зад себе имате со стотици задоволни клиенти. Таков е случајот со адвокатската канцеларија на познатиот адвокат Емил Балабан од Охрид.
Со торта, чаша од омилениот пијалак и широка насмевка која ретко му се симнува од лицето, денеска Емил Балабан беше во друштво на семејството и блиските пријатели и го прослави денот кога пред 30 години ја отвори адвокатската канцеларија.

Семејството Балабан има стари охридски корени а и неговиот татко Томислав Балабан , беше во оваа фела. Искуствата пренесени од татко на син се навистина драгоцени.
Јустиција и натаму ќе живее на улица „Македонски просветители“ во Охрид .
Честитки и бројни успеси до следниот јубилеј!
Публицитет.мк








