Да се биде верен на огништето на предците не значи да се чува пепелта туку да се пренесува пламенот.
Голем настан од македонската историја, Ден на народното востание. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата.
Поради самиот факт дека се работи за голем настан од македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Во Охрид денеска, во големата сала на Општината Охрид, се одржа свечана академија организирана од страна на Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебарца.

На седницата се обрати Кирил Пецаков – Градоначалник на Општината Охрид, потоа збор зеде Гоце Георгиески, Претседател на Сојузот на борците на Охрид и Дебарца.

Следуваше богата културно – уметничка програма на учениците од основните училишта „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“ како и на учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“.
- Октомври да ни е честит и вечен, за многу години, за век и векови!

Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк