На актерката Марија Новак вечерва во Куманово на завршната вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ ќе и’ биде врачена наградата за најдобра споредна женска улога – за ликот Косара од претставата „Секс, лаги и љубомора“ во изведба на Народниот театар Охрид; а во режија на познатиот Коле Ангеловски.
Се огласи и добтин ичката на наградата секогаш ведрата и насмеана актерката марија Новак. Таа на социјалната мрежа ФБ напиша:
Е па дечки, и мене ми тргна
Благодарам за наградата на жирито и на Фестивалот .
Благодарам на Angelovski Kole,
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
и колегите од Народен Театар Охрид
Честитам на сите добитници.
Па нека ни’ се множет!
Фала Господе за дарбата за хумор,
нека и вака да му служиме на народов, барем 2-3 саати да си даде оддишка од бремињата на времињава
Специјално сакам да се захвалу на кумановску публику за смех и аплаузи, за време на целу претставу, за свите актери и смешке, напиша актерката Марија Новак на својот фб профил.
Еве кој друг е награден:
ОДЛУКА
Жири комисијата во состав: Александар Ивановски (претседател), Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски (членови) ги донесе следниве одлуки за награди на 27 издание на МТФ Денови на комедија Куманово:
Најдобра главна машка улога, Фаик Мефаиловски „Вечера за глупаци“ Театар Велес;
Најдобра споредна машка улога, Марко Трајковиќ „Како што сакате“ Театар Куманово;
Најдобра главна женска улога, Марија Минчева Андонов „Женидба“ Театар Штип;
Најдобра споредна женска улога, Марија Новак „Секс, лаги и љубомора“ Театар Охрид;
Најдобра режија, Куштрим Бектеши „Итроштините на Патук“ Театар Тетово;
Најдобра претстава, „Пар – распар“ Театар комедија, Скопје;
Најдобра сценографија, Марија Ветероска „Како што сакате“ Театар Куманово;
Најдобра костимографија, Лидија Георгиева „Како што сакате“ Театар Куманово.
Публицитет.мк