• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Убавина и здравје

АЛПОЈО Охрид: Аронија за висок имунитет

февруари 15, 2025
in Убавина и здравје
АЛПОЈО Охрид: Аронија за висок имунитет

Се’ што не знаевете за аронијата а убаво и корисно е да знаете. Побарајте ја во продажната мрежа со логото на АЛПОЈО Охрид.

Доколку ни е потребен итен засилувач на имунитетот, а не можеме да се одлучиме меѓу напливот  од додатоци на исхраната  кои секојдневно се појавуваат на нашиот пазар, вистинско време е за аронија, природен засилувач на нашиот имунитет и антиоксидант број еден, кој доколку го внесеме во нашата исхрана ќе помогне во многу предизвици на кои е изложено нашето здравје.

Плодовите на аронијата се  на листата најлековити природни плодови. Тие се вистинска ризница на биолошки активни соединенија, кои ги има повеќе од 300. Содржат витамини: Ц, А, Е, Б1, Б2, Б6, Б9, бои, антоцијани, фолна киселина, минерали: цинк, железо, калциум, калиум, манган, фосфор и јод.

Аронијата помага  во прочистување на организмот од штетни материи и тешки метали кои секојдневно се внесуваат во телото и во нивно исфрлање од организмот.

Благодарение на силните антиоксидантни својства, присуството на големи количини танини и флавоноиди, дејствува против слободните радикали во организмот и на тој начин помага во спречување развој на хронични болести, како и стареење на клетките. Помага за  намалување на  покачениот холестерол и триглицериди.

Придобивките од аронијата се бројни, се препорачува при   појава на мигрена и главоболки, при висок  крвен  притисок, спречување развој на вирусни и бактериски инфекции на уринарниот тракт и ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката. Плодовите на аронија содржат каротин корисен за нормална функција на  очите,  заштита  од УВ-зрачење,  против формирање  брчки и стрии на кожата. Се препорачува редовна употреба и кај дијабетичари и сите што страдаат од чир на желудник. Особено се препорачува кај постари лица, бидејќи помага во заштита од деменција и појава на Алцхајмерова болест.

Аронијата може да ја консумираат и потполно здрави луѓе, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем и има превентивен ефект. Најдобро е да се консумира како свежо овошје кое е една од 7 намирници што се сметаат за суперхрана, а може и сушена во чаеви, кекси, мусли, во јогурт и слично. Се користи и во разни готвени јадења, салати и десерти.

РЕЦЕПТ ЗА ИМУНИТЕТ

  • цеден сок од грејпфрут
  • цеден сок од портокал
  • 3 лажици аронија
  • масло од нане со прополис
  • црна ротква
  • ѓумбир
  • се блендира

Публицитет.мк

Посетеност: 199
Share
Previous Post

Човекот памети ако сака,ама заборава ако може

Next Post

Во тек е традиционалниот февруарски попуст во бутикот ЕМИЛИ во т.ц. Амам во Охрид,

Next Post
Во тек е традиционалниот  февруарски попуст во бутикот ЕМИЛИ во т.ц. Амам во Охрид,

Во тек е традиционалниот февруарски попуст во бутикот ЕМИЛИ во т.ц. Амам во Охрид,

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 199

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk