Макот, или афионово семе, се употребува за подготовка на разни видови пекарски производи. Наоѓа голема примена во домаќинството.Кога е период на пости, менито е ограничено, но тоа не мора да значи дека не може да се приготвуваат вкусни посни колачи.
Посен колач со афион и кокос – лесен и едноставен рецепт
Потребни состојки: 6 шолји (од 200 мл) брашно, 3 шолји шеќер, 4,5 шолји кисела вода, 1,5 шолја масло, 2 лажички екстракт од ванила или 2 кесички ванила шеќер, 150 г афион, 50 г кокос, 100 г сува брусница и 1 лажичка рум или екстракт од рум за брусницата.
За прелив: 20 лажици вода, 10 лажици шеќер, 4 полни лажици какао и 80 г маргарин.
Постапка: се мешаат сувите состојки и во нив се додадваат течните, па се убаво и компактно се меша. Доколку брусницата е посува и не е многу сочна, ставете ја во посебно чинивче во кое ќе додадете малку топла вода и екстрактот од рум.
Оставете така да одстои 10-тина минути. Колку е потопла водата, толку побрзо оди процесот.
Потоа исцедете ги и додадете ги во смесата за колачот. Дозата на овој колач е за длабок плех од шпоретот. За моите потреби требаше да опслужи за околу 40-тина луѓе, односно, отприлика натокмив толку парчиња.
Доколку сакате помалку, тогаш преполовете ги состојките, или пак за поголема тава земете 2/3 од дозата.
Печете на 190 степени околу половина час. Во посебен сад ставете ги состојките за прелив и мешајте ги на среден оган додека убаво се растопат и смесата да биде компактна.
Оставете го потоа 10-тина минути да подизлади со повремено мешање за да не фати кора или нерамномерно се здрви, па прелијте го колачот.
Публицитет.мк